СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ (ФИЗИЈАТРИСКИ) ПРЕГЛЕД
Специјалистичкиот преглед во физикалната медицина е детален преглед и анализа на здравствениот статус на мускулно-скелетниот систем на пациентот со цел да се утврди дијагнозата и да се одредат најдобрите начини за лекување.
Специјалистичкиот преглед во физикалната медицина е детален преглед и анализа на здравствениот статус на мускулно-скелетниот систем на пациентот со цел да се утврди дијагнозата и да се одредат најдобрите начини за лекување.Овој преглед се изведува од страна на Доктор специјалист во областа на физикалната медицина и рехабилитација.
Прегледот вклучува физикален преглед, историја на заболувањето, разговор со пациентот за неговите симптоми, здравствениот статус и целите на лекувањето. Физикалниот преглед може да вклучува процена на мускулната сила, подвижноста и балансот.
По завршувањето на прегледот, докторот специјалист во физикалната терапија во Garden Inn Medical ќе изработи индивидуален план за лекување и рехабилитација за секој пациент.